Земјотрес со магнитуда од 7,6 степени според Рихтеровата скала крај североисточниот брег на Јапонија предизвика предупредување за цунами.
Земјотресот е регистриран во регионите Аомори и Хокаидо во североисточна Јапонија, објави Јапонската метеоролошка агенција.
Бранови високи до три метри сега може да го погодат североисточниот брег, според агенцијата.
Геолошкиот завод на САД (USGS) објави дека земјотресот се случил во 23:15 часот по локално време на околу 70 километри од јапонскиот брег и на длабочина од околу 53 километри.
