Во понеделник во Лондон состанок меѓу Зеленски, Стармер, Мерц и Макрон за Украина

Од:

Во понеделник украинскиот претседател Володимир Зеленски, британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц ќе разговараат за Украина во Лондон.

Макрон денес на платформата X објави дека ќе „ја разгледаат ситуацијата и тековните преговори во рамките на американското посредништво“ за мир во Украина.

„Мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија за да ја принудиме да склучи мир“, напиша Макрон, осудувајќи ги нападите на Русија синоќа врз енергетската и железничката инфраструктура на Украина.

Денес, Зеленски напиша на социјалните мрежи дека целта на тие руски напади била да „страдаат милиони Украинци“ и дека ваквите напади „бараат одговор и дополнителен притисок“ врз Москва, објави парискиот весник „Ле Монд“.

Би можело да ве интересира

Макрон: Франција ќе го заштити саудискиот нафтовод Исток-Запад

А1он

(ВИДЕО) Макрон: Можен е руски напад врз Европа, постојат знаци дека се подготвуваат

ВИДЕО: „На ракета, да те е**м“ – снимка од одговорот на Зеленски на руски новинар стана вирална

Катерина Ѓуровски

„Путин не победува во војната, но и не губи, тоа е вистина“

Макрон: Да не подлегнеме на духот на поразот, да застанеме зад ОН пред „законот на џунглата“

А1он

Доналд Трамп и Володимир Зеленски се сретнаа во Њујорк

А1он