Облачно, насекаде со дожд, магла во котлините

Од:

Времето денеска ќе биде облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 литри на метар квадратен за 24 часа). Во утринските часови ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб до умерен повремено засилен ветер од северен правец.

– Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје, облачно со врнежи од дожд и слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.

УХМР најави дека локалните врнежи од дожд ќе се намалуваат во попладневните часови. До крајот на неделата следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура, освен во котлините каде ќе има појава на магла.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со темепратури до 19 степени

Променливо облачно време, температура до 15 Целзиусови степени

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд

Облачно со локален дожд

Облачно без дожд, температури до 15 степени

Дожд денеска и утре, од среда стабилно и суво