(ВИДЕО) Филипче: Ковеши да ја посети Македонија, лично да се запознае со малверзациите што ВМОР-ДПМНЕ ги прави со европските фондови

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција упати повик до главната европска обвинителка, Лаура Ковеши, да ја посети Македонија, лично да се запознае со малверзациите што ВМОР-ДПМНЕ ги прави со европските фондови, меѓу кои и ИПАРД програмата, со која се загрозени 130 милиони евра.

„СДСМ ја повикува европската обвинителка Лаура Ковеши да ја посети Македонија, лично да се запознае со малверзациите кои ВМРО-ДПМНЕ ги прави со европските фондови, меѓу кои и тоа што е веќе јасно ИПАРД програмата во која се загрозени 130 милиони евра. Не може да имаме доверба во институциите на власта со притисокот на власта кои што со своето однесување се заштитници на криминалот, и тоа да биде над правото и над јавниот интерес, рече Филипче.

Тој додаде дека власта единствено нешто што прави во однос на сите скандали а посебно со скандалот со ИПАРД е да ја дефокусира јавноста.

„Наместо одговорност после апсењето на нивниот директно, член на ВМРО-ДПМНЕ, директор во Агенцијата за финансиска поддршка, гледаме само спинови и обвинувања кон опозицијата. Но фактите се јасни – се случи најголемата проневера на европски пари во Македонија, ИПАРД фондовите и тоа луѓе, членови на ВМРО-ДПМНЕ, луѓе блиски до премиерот Хријан Мицкоски“, рече Филипче.

На прес-конференцијата тој појасни дека со вклучување на Лаура Ковеши, овој скандал целосно ќе се расчисти и ќе се осигура дека нема повторно да се случи.

„Не е ова темен вилает на ВМРО-ДПМНЕ да си играат со судбината на Македонија и да си играат со европската иднина на граѓаните, и да си играат со европските фондови коишто се наменети за подобар живот на граѓаните и за подобар систем тука во државата“, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ