Трамп: САД повеќе не ја финансираат украинската војна, Бајден делеше пари како бонбони

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека повеќе не учествуваат финансиски во војната во Украина и дека неговата администрација се фокусира на дипломатски крај на војната.

„Како што знаете, имаме проблем со војната што нашиот народ моментално се обидува да ја реши меѓу Русија и Украина. Ние повеќе не учествуваме финансиски во оваа војна“, рече Трамп на состанок на кабинетот.

Тој го обвини поранешниот американски претседател Џо Бајден дека „дели милијарди долари како бонбони“, наведувајќи дека „огромен дел“ од помошта е доставена во готово, а остатокот во опрема.

Трамп нагласи дека неговата администрација не обезбедува бесплатна воена помош.

„Ние продаваме опрема на НАТО. Европските земји ни плаќаат 100 проценти од вредноста, а потоа ја носат во Украина или прават што сакаат со неа“, нагласи Трамп.

Тој додаде дека американските преговарачи моментално се во Русија за да проверат дали постои можност за постигнување договор.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ќе ставиме крај на конфликтот во Украина

А1он

Трамп предлага Ормутскиот Теснец да се преименува во „Трампов Теснец“

Трамп: Иран е официјално пропадната држава со раководство во хаос

А1он

Трамп: Путин нема да нападне територија на НАТО

А1он

Можна средба Путин – Трамп наскоро во Кина

А1он

Трамп објави мапа на Ормутскиот теснец и го прогласи за територија на САД

А1он