Клучен преговарач вклучен во мистериозна истрага за скандалот што ја тресe Украина

Од:

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, клучна фигура во мировните преговори за завршување на војната, беше испрашуван како сведок во истрагата за најголемиот корупциски скандал од почетокот на војната со Русија, што доведе до оставка на двајца министри.

Националното биро за борба против корупцијата (НАБУ) на Украина го покани Рустем Умеров да сведочи како дел од истрагата против Тимур Миндич, осомничениот водач на корупциска мрежа осомничена за проневера на 100 милиони долари во енергетскиот сектор, објави Ројтерс.

Умеров ја предводеше делегацијата на Украина на мировни преговори со руски претставници во Турција оваа пролет, како и во Женева претходно оваа недела, кога разговараше за европскиот одговор на мировниот план на Вашингтон со американските претставници.

На 10 ноември, НАБУ и САП ги објавија резултатите од истрагата за корупција во енергетскиот сектор, која беше наречена „Мидас“. Беа документирани активностите на високо рангирана криминална организација, чии учесници изградија голема корупциска шема со цел да влијаат врз стратешките претпријатија од државниот сектор, особено врз „Енергоат“.

Според истрагата, неколку украински функционери биле вклучени во систематско перење пари и нелегално богатење, а раководител на шемата бил бизнисменот Тимур Миндич, поранешен деловен партнер на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Министерката за енергетика на Украина, Светлана Гринчук, и министерот за правда Херман Галушченко, поднесоа оставки откако нивните имиња се појавија во истрагата.

Би можело да ве интересира

Гончаренко: Умеров ќе мора да ги предаде соучесниците за да избегне обвинение

Горан Наумовски

Украина предлага средба на лидерско ниво меѓу Украина и Русија

А1он

Кој е Рустем Умеров, човекот што Зеленски го праќа да преговара со Русите?

А1он