Прегазен е пешак на пешачкиот премин кај гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот на Скопје.
Очевидци на настанот попладнево велат дека човекот ја преминувал улицата на пешачкиот, кога во него удрил автомобил.
Додека се очекува доаѓањето на итната медицинска помош, човекот остана да лежи на мокриот асфалт.
Ова само уште една од несреќите во главниот град во која страдаат пешаците.
Не така одамна Фросина Кулакова го загуби животот на пешачки премин на „Партизанска“, а минатиот месец во центарот на Скопје животот го загуби екс директорот на ОХИС, Јорго Ќука.
Тој беше прегазен додека на велосипед ја преминуваше улицата под тврдината Кале.
