(ВИДЕО) Дигалка уби работник при местење новогодишна елка

Од:

Поставувањето вештачка елка на плоштад во бразилскиот град Манаус заврши трагично – дигалка згмечи работник.

Трагедијата се случи во неделата кога кран се обидуваше да подигне еден од деловите на елката. Сепак, машината не можеше да ја издржи неговата тежина и да остане на земја, поради што се преврте.

Моментот на несреќата е снимен на видео кое кружи на социјалните мрежи.

Работникот Антонио Пауло Родригез де Соуза (40) беше до кранот, кој го згмечи.

Само неколку секунди претходно, тој објави видео од местото на настанот, на кое се гледа поставувањето на елката.

Освен него, во инцидентот е повреден уште еден работник, Енес Лимборио Рамос (47).

Би можело да ве интересира

Падна дрво и усмрти работник на Шумско стопанство

Горан Наумовски

Загина работник при копање канал, врз него се урна земја

Горан Наумовски