Кевин Спејси тврди дека е бездомник: „Живеам во хотели, немам никакви приходи, морав да ја продадам куќата“

Од:

Седум години по скандалот со сексуален напад, актерот Кевин Спејси откри дека е бездомник. Поранешната холивудска ѕвезда нема фиксна адреса и моментално живее во хотели, што е драматичен пад за двократниот добитник на Оскар, чиј живот се промени откако првпат се појавија низа обвинувања во 2017 година.

Актерот вели дека е бездомник затоа што се соочува со судски трошоци, но и затоа што никој не сака да му даде улога.

„Живеам во хотели, Airbnb“, изјави двократниот добитник на Оскар во интервју за The Telegraph.

„Одам таму каде што е работата. Буквално немам дом, тоа се обидувам да го објаснам“, рече тој.

Актерот рече дека неговиот дом, кој се наоѓал во Балтимор, бил продаден на аукција во услови на „не толку одлична“ финансиска слика.

„Трошоците во последните седум години биле астрономски, а приходите биле минимални“, додаде тој.