Орбан за писмото од Фон дер Лајен: Дополнителна финансиска помош за Украина е како испраќање гајба вотка на алкохоличар

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека барањето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, членките на ЕУ да испратат повеќе пари на Украина го потсетува на обидот да му помогне на алкохоличар со испраќање уште една гајба вотка.

Орбан рече дека денеска добил писмо од претседателката на ЕК во кое таа пишува дека финансискиот јаз во Украина е значаен и бара од земјите-членки да испратат повеќе пари.

„Во време кога стана јасно дека воената мафија зема пари од европските даночни обврзници, наместо да бара вистински надзор или суспензија на плаќањата, претседателката на Комисијата предлага да испратиме уште повеќе. Целата оваа работа е малку како обид да му се помогне на алкохоличар со испраќање уште една гајба вотка“, рече Орбан во објава на социјалната мрежа „X“.

Според него, барањето на Фон дер Лајен е зачудувачко.

„Унгарија не го изгубила здравиот разум“, заклучи Орбан.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претходно денеска во писмо до членките на Европската Унија изјави дека постојат три опции за финансирање на потребите на Украина, од кои едната е заем со користење на замрзнати руски средства како гаранција.

Би можело да ве интересира

Орбан му одговори на Зеленски: Не сум загрижен за заканите со смрт!

А1он

Орбан ја користи војната во Иран во изборната кампања – може да има корист од улогата на гарант за безбедност

А1он

Орбан ја уценува Европската унија, Украина е заложник

Орбан во кампањата објави отворено писмо до Зеленски: „Жал ни е за украинскиот народ, но не сакаме да учествуваме во војната“

Опозицијата има огромна предност пред Орбан, покажува најновата анкета пред изборите во Унгарија

Орбан: Унгарија им помага на САД подобро да ја разберат ситуацијата во Европа и конфликтот во Украина