Загина 18 годишен фудбалер – брат му го застрела додека го чистеше пиштолот

Од:

Младиот бразилски фудбалер Вандерсон Брандао де Соуза почина на 18-годишна возраст откако неговиот брат случајно го застрела додека го чистеше пиштолот.

Неговиот клуб Пјауи ја прими веста со неверување и изрази сочувство до семејството.

– Вандерсон Брандао де Соуза. Сочувство до семејството и пријателите. Нека Бог ги утеши сите наши срца – објави клубот на социјалните мрежи, а беше објавено и од светските медиуми.

Семејството, пријателите и фудбалската заедница во регионот се во шок поради загубата на талентиран играч, кој штотуку почна да игра за сениорскиот тим на клубот.

Би можело да ве интересира

Поранешен ѕидар од втора бугарска лига стигна до можност да го предводи нападот на Бразил на Мундијалот 2026

А1он

Анчелоти: Бразил доби тешка група на Мундијалот

А1он

Дунга: Бразилците се европеизираа, порано тоа беше неприфатливо

А1он

Анчелоти: Роналдо е најдобриот Бразилец што сум го тренирал

А1он