Променливо облачно време со сончеви периоди

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди освен во крајните југозападни делови каде има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен и југозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен југозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во недела најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во понеделник претпладне, ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи, соопшти УХМР.

Поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во западните делови од земјата. Од вторник температурите ќе бидат во опаѓање.

Би можело да ве интересира

Силни бури во Европа: Град во Италија, јак ветер во Словенија, невремето стигна и до Хрватска

A1on

Сончево и топло време со температура до 35 степени

А1он

Сончево и топло време со температура до 33 степени Целзиусови

А1он

Топло со високи температури и следната седмица

Топло и денеска и следната недела

Викендов до 36 степени, топло и следната недела