Почина оскаровката Дајана Китон

Од:

Познатата актерка Дајана Китон почина на 79-годишна возраст, потврди портпаролот на нејзиното семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

Родена како Дајан Хол на 5 јануари 1946 година во Лос Анџелес, таа остави неизбришлив белег во историјата на филмот. Беше позната по својата единствена глума, харизма и стил што стана нејзин заштитен знак, и на екранот и надвор од него.

Нејзината кариера беше обележана со улоги во филмски класици како што се Кум“, Ени Хол“, Прва сопруга“, Татко на невестата“ и Љубовта нема правила“.

За нејзината улога во филмот од 1977 година, Ени Хол“, во режија на Вуди Ален, таа ја освои наградата Оскар за најдобра актерка.

Покрај глумата, Китон се занимаваше и со режија, продуцирање, пишување, како и со фотографија и дизајн на ентериер. Никогаш не се омажи, но беше романтично поврзана со познати личности како Вуди Ален, Ворен Бити и Ал Пачино.

Посвои две деца, ќерката Декстер и синот Дјук.

Нејзината кариера траеше повеќе од пет децении, а со својот талент, хумор и интегритет, таа ги освои публиката и критичарите ширум светот. Таа беше синоним за интелигентни, духовити и независни женски ликови, но и икона на стил која инспирираше генерации.

Би можело да ве интересира

Филмот „Анора“ доби Оскар за најдобар филм