Облачно време со сончеви периоди – температурата до 21 степен

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер.

Во североисточните подрачја ќе има услови за локален слаб дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 21 степен Целзиусов.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 19 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до вторник времето ќе биде претежно стабилно со дневни температури малку под просекот за овој период од годината.

Кон средината на следната седмица под влијание на влажна и посвежа воздушна маса ќе има услови за локални врнежи од дожд и опаѓање на дневната температура за неколку степени

Би можело да ве интересира

Силни бури во Европа: Град во Италија, јак ветер во Словенија, невремето стигна и до Хрватска

A1on

Сончево и топло време со температура до 35 степени

А1он

Сончево и топло време со температура до 33 степени Целзиусови

А1он

Топло со високи температури и следната седмица

Топло и денеска и следната недела

Викендов до 36 степени, топло и следната недела