Лекорну: Макрон треба да назначи нов премиер во следните 48 часа

Од:

Поранешниот премиер на Франција, Себастијан Лекорну, денес изјави дека е потребно претседателот Емануел Макрон, да назначи нов премиер во следните 48 часа.

Тој за телевизијата Франс 2 изјави дека неговата мисија е завршена откако во последните два дена имал „финални преговори“ со претставници на политичките сили, оценувајќи дека работел „под тешки услови“.

„Вистина е дека претседателот на републиката ме врати на 48 часа бидејќи постоеше мрежа за водење на финални преговори. Поднесов оставка во понеделник наутро. Мислам дека покажав дека не бркам работа. Се согласив да работам под услови што не беа лесни. Сметам дека мојата мисија е завршена“, рече Лекорну.

Би можело да ве интересира

Макрон ги поканува „средните сили“ на сојуз против Америка

(ВИДЕО) Макрон одговори на коментарот на Трамп: Не влегувам во непристојни дискусии

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Трамп го исмеа Макрон: Уште се опоравува од ударот на сопругата

Макрон: Иран мора да ги запре нападите

А1он

Макрон по петти пат за десет дена го свикува Националниот совет за одбрана

А1он

Макрон му порача на Иран: Веднаш запрете ги нападите врз земјите од регионот

А1он