Павел: Русија сè уште е насочена кон територијата на Украина, не покажува знаци дека ја намалува агресијата

Од:

Чешкиот претседател Петр Павел денес изјави дека „замижувањето“ кон Украина дава „зелено светло за идните агресори“.

„Русија продолжува да ги таргетира цивилите, цивилната инфраструктура, странските дипломатски мисии, а неодамна дури и ја нападна нашата соседна земја, Полска“, рече Павел на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, додавајќи дека се доведени во прашање и дејствијата на хибридно војување на територијата на Чешка, пишува Гардијан.

Тој предупреди дека „руската агресија“ се заканува да го уништи меѓународниот поредок заснован на почит, еднакво партнерство и правила што сите треба да ги почитуваат.

Павел тврди дека Русија, со поддршка на Кина, Иран, Северна Кореја и други земји, не само што продолжува да ја проширува својата сфера на влијание, туку и ги заобиколува санкциите, обезбедувајќи економска и политичка поддршка на руските напади.

Како што нагласи, Русија сè уште е насочена кон територијата на Украина и не покажува знаци дека ги намалува своите „агресивни цели“.

Претседателот на Чешката Република смета дека светската безбедност е сериозно загрозена и дека она што се случува во Украина може да се случи насекаде во светот, под сличен изговор.

„Замижувањето пред Украина денес е зелено светло за секој иден агресор насекаде во светот“, заклучи Павел.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Чешка ја тужи владата затоа што го испраќа само премиерот на самитот на НАТО

А1он

Претседателот на Чешка: Еднаш ќе мора да собориме некој руски авион

А1он

Чешка: Сајбер заканата од Кина за Европа е еднаква на онаа од Русија

Петр Павел: Мора да бидеме подготвени за тоа дека САД ќе не остават на цедило

А1он

Пендаровски-Павел: Недвосмислена и отворена поддршка од Чешка за евроинтеграциите на земјава