Тајлер Робинсон – осомничениот за убиството на Чарли Кирк наводно остави порака во која пишува дека ќе го убие Кирк, изјави директорот на ФБИ – Кеш Пател, според „Дејли меил“.
– Имам можност да го убијам Чарли Кирк и ќе го сторам тоа – се наведува во пораката.
Пател рече дека пораката е напишана пред пукањето и е пронајдена во домот на осомничениот.
Робинсон е уапсен во петокот, по атентатот врз Кирк.
Пател, исто така, откри дека ДНК што одговара на Робинсон е пронајдена таму каде што се криел убиецот, како и на пешкирот што го користел за да ја покрие пушката кога ја остави во шумата.
Пател, исто така, потврди дека Робинсон не соработува со полицијата. Тие сè уште собираат информации за осомничениот и сè уште не се подготвени да разговараат за потенцијален мотив.
Гувернерот на Јута, Спенсер, нагласи дека истражителите сè уште се обидуваат да утврдат мотив за убиството на Кирк, а повеќе информации може да бидат објавени откако Робинсон ќе се појави на суд во вторник.