Рубио: Хамас мора да биде уништен, а сите заложници ослободени

Од:

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, денес во Ерусалим изјави дека сите заложници мора веднаш да се вратат дома и дека Хамас мора да биде „уништена“ како вооружена група.

Зборувајќи на прес-конференција во Ерусалим, Рубио рече дека американскиот претседател Доналд Трамп сè уште е посветен на тие цели, објавува „Тајмс оф Израел“.

Рубио истакна дека Иран им се заканува не само на Израел и САД, туку и на сојузниците од Персискиот Залив и Европа. Тој рече дека нуклеарниот Иран е „неприфатлив ризик“ за светот.

Рубио го критикуваше Хамас за неговиот „неспоредлив варваризам“ и додаде дека народот на Газа не може да има мир или подобра иднина сè додека Хамас не биде разоружан и сите заложници не бидат вратени дома.

„Фокусирани сме на тоа што ќе се случи следно“, рече американскиот државен секретар Марко Рубио, осврнувајќи се на израелскиот напад во Доха минатата недела.

Рубио отпатува во Израел за да му го пренесе на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху незадоволството на САД од неодамнешниот израелски напад врз Доха, Катар, под изговор за напад врз седиштето на Хамас. Во пресрет на состанокот, Рубио објави дека ќе разговара со Нетанјаху за воените планови на Израел за освојување на Газа, како и за намерата на Израел да анектира делови од окупираниот Западен Брег.

Би можело да ве интересира

Рубио: Нема потреба од понатамошни напади врз Иран

Рубио: Нема напредок во преговорите со Иран, барањата на Техеран се неприфатливи

Мицкоски објави дека разговарал со Марко Рубио

Катерина Ѓуровски

Рубио: САД се горди што стојат покрај С. Македонија како доверлив сојузник и партнер

А1он

Рубио: САД не сакаат договор со Иран по секоја цена

А1он

Рубио: Претстојниот самит на НАТО може да биде најважниот во историјата – доаѓа и Трамп

А1он