Пијан возач уби 75 годишник, со „бмв“ удри во „југо“

Од:

Во тешка сообраќајна несреќа во близина на српскиот град Топола, 75-годишен маж го загуби животот додека неговата сопруга (72) се здоби со полесни повреди.

Трагедијата се случи кога возач на „бмв“, С.С.(36), најверојатно пијан и дрогиран, со голема брзина удрил во автомобил „југо“ во кој биле сопружниците.

– Возачот на „бмв“ ја изгубил контролата врз возилото и директно се судрил со „југото“. Несреќниот старец починал на самото место, додека неговата сопруга била пренесена во болница, каде што била згрижена и за среќа нејзиниот живот не бил загрозен – потврди српската полиција.

Осомничениот возач е приведен, а против него ќе биде поднесена кривична пријава за предизвикување тешка сообраќајна несреќа со смртоносен исход, како и за возење под дејство на алкохол и психоактивни супстанци.

Би можело да ве интересира

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Двajца загинати и тројца повредени во сообраќајка кај Агино Село

А1он

Aвтобус што превезуваше ученици удри во карпа – тешко повреден е придружникот на патувањето

А1он

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка кај Загреб – возеше во спротивна насока, удри во друг автомобил и заврши под камион

А1он