(ВИДЕО) Пратеник претепан во Белград: „Ме тепаа со шипки по главата“

Од:

Синоќа низ цела Србија се одржаа нови протести, обележани со високи тензии и низа инциденти. Во Белград, во близина на зградата на Генералштабот, поддржувачите на Српската напредна партија (СНС) постојано испукуваа пиротехнички средства кон кордонот на жандармеријата и кон граѓаните. Слични напади беа забележани и во други делови од градот, а полицијата употреби солзавец кон демонстрантите. Солзавец беше употребен и во Нови Сад и неколку други градови.

Партијата за слобода и правда (ССП) објави на X дека нивниот пратеник Пеѓа Митровиќ бил брутално претепан за време на протестот во Белград. Во соопштението се наведува дека неговата „глава била смачкана од насилниците на Српската напредна партија“, дека бил „удрен со шипка по главата и неколку пати по телото“ и дека „моментално е на пат кон болница“.

Митровиќ рече дека, без никаква причина, бил нападнат од седум или осум маскирани мажи.

„Се нафрлија врз мене, а кога им кажав дека сум пратеник, рекоа дека тоа не го интересирани и почнаа брутално да ме удираат по главата и нозете со шипки“, рече тој.

„Почнаа да ме малтретираат и навредуваат. Кога сфатив дека немаат поим што прават и дека може да заврши многу лошо, се засолнив и избегав, бидејќи видов дека имам работа со луѓе кои очигледно се полуделе“, додаде Митровиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата апси блокадери во Нови Сад

Дачиќ: Најмалку 42 полицајци се повредени, некои се со потешки повреди

Горан Наумовски

Дачиќ: Хрват е уапсен за време на вчерашните протести, толку од приказната дека немаат никаква врска со надворешни фактори

Горан Наумовски

Дачиќ: Најмалку пет полицајци повредени, засега 14 лица уапсени за напади врз полиција

Вечерва протести во неколку градови во Србија, демолирани се простории на СНС во Нови Сад

Горан Наумовски

Апсења за насилство и нерегистрирани собири во Врбас, Нови Сад и Белград