Вечерва протести во неколку градови во Србија, демолирани се простории на СНС во Нови Сад

Од:

Демонстрантите се собраа вечерва во неколку градови во Србија, протестирајќи против, како што велат, синоќешното насилство. Собрани пред канцеларијата на СНС во Нови Сад, тие ги демолираа просториите на партијата.

Митинзи се одржаа и во Белград, Краљево, Шабац, Чачак, Ужице, Лесковац, Смедерево.

Студенти и граѓани од Нови Сад се собраа пред зградата на Безбедносната информативна агенција (БИА), а пред протестот околу зградата на БИА на булеварот Ослободување, беа поставени метални огради.

Сообраќајот е блокиран, а засега нема полицајци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата апси блокадери во Нови Сад

Дачиќ: Најмалку 42 полицајци се повредени, некои се со потешки повреди

Горан Наумовски

Дачиќ: Хрват е уапсен за време на вчерашните протести, толку од приказната дека немаат никаква врска со надворешни фактори

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пратеник претепан во Белград: „Ме тепаа со шипки по главата“

Дачиќ: Најмалку пет полицајци повредени, засега 14 лица уапсени за напади врз полиција

Апсења за насилство и нерегистрирани собири во Врбас, Нови Сад и Белград