(ВИДЕО) Петрушевски: Ако Коцевски сам не си поднесе оставка, ќе докаже дека е на функција само да ги спасува СДС од одговорност

Од:

Ако главниот обвинител Коцевски сам не си поднесе оставка, ќе докаже дека е на функција само да ги спасува СДС од одговорност. Главниот обвинител Коцевски доби два црвени картони, првиот од народот директно кој нема доверба во него ниту 2% и вториот од народот преку пратениците со интерпелацијата. Главниот обвинител Коцевски е свесен дека народот не му верува, и дека со ништо не покажал дека се труди тоа да го смени, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Единствено нешто кое што Коцевски го прави, е да се држи до СДС, кои мораа да ја напуштат глумата на мачка и глушец, и да се соголат целосно, јавно бранејќи го во Собрание. Го прашуваме лично главниот обвинител Коцевски, нели се срами кога СДС мора да го бранат? Или тоа природно му доаѓа како контра услуга за сите функционери кои им ги спаси од кривична одговорност?

Како може Коцевски да продолжи да биде главен обвинител, кога знае дека ниту еден случај за кој во изминативе години имаше низа докази излезени во јавноста не обезбеди пресуда? Дали за еден обвинител како Коцевски е поважно да биде потрчко на Заев и Филипче, отколку да работи за граѓаните? Доколку Коцевски има грам доблест, ќе си даде оставка веднаш, затоа што кредибилитет одамна нема, вели Петрушевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Молкот на СДС отвора сомнежи, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС го штити Груби од криминалот, дури повеќе од што ги штитат Заев и Филипче

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, денес никој не е над законот

Зоран Заев поднесе тужби против Жан Митрев и Бране Петрушевски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Петрушевски: Зошто СДС се во паника и хистерија, имаат ли страв од исказот на Груби?

(ВИДЕО) Петрушевски: Груби ќе се соочи со правдата за сторениот милионски криминал