Сиљановска – Давкова: Треба да се држиме до она што е најважно, до Копенхагенските критериуми и најпрво она што е основен тест за сите – владеењето на правото

Од:

Треба да се држиме до она што е најважно, до Копенхагенските критериуми и најпрво она што е основен тест за сите – владеењето на правото. Се укажа на пакетот закони изработени од Министерството за правда, што се однесуваат на Јавното обвинителство, на Судскиот совет, на платите на јавните обвинители и на членовите на Судскиот совет, изјави денеска претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за состојбата со евроинтеграцијата по втората седница на Советот за безбедност и нагласи дека основниот заклучок е дека имаме Реформска агенда и имаме План за развој.

Таа информира дека се дискутирало и за Законот за соодветна и правична застапеност.

– Тенденција на Министерството за правда е да ги праќа законите на мислење на Венецијанската комисија, што не го правевме често во претходниот период. Зошто е тоа важно? Да потсетам, според изменетата методологија не е услов само хармонизацијата на нашата легислатива со европската, туку и ефективното спроведување на законите и мислењата на Венецијанската комисија и на ГРЕКО, истакна претседателката.

Сите дискутанти, како што рече, укажаа на очекувањата и важноста од извештајот во ноември, што го добиваме за напредокот во евроинтеграцциите.

– Јас и други укажавме на потребата од активност на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието бидејќи во него членуваат не само пратеници, туку и претставник на МАНУ, претставник на невладините организации… Тоа е многу важно. Зошто? За да градимие ние единство и да се разбираме и да доаѓаат критиката и предлозите на време за да може навистина легислативата да биде по европска мерка оти постфестум е доцна. Истото важи и за Комисијата за европски прашања, која треба да биде многу поактивна или активна за да може да ги анлизираме состојбите и за да може да одговориме на забелешките што ги дава ЕК за напредокот на државата во сите области, рече Сиљановска – Давкова.

Би можело да ве интересира

Луѓе кои со векови се декларирале како Македонци, сега ја менуваат определбата под притисок на економските потреби

Горан Наумовски

Делчев нè потсетува на жртвата којашто нашите предци ја дале за македонскиот народ да живее во сопствена држава, вели Сиљановска-Давкова

Горан Наумовски

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

Сиљановска–Давкова – Јандроковиќ: Хрватска како наш докажан пријател може многу да ни помогне со научените лекции во процесот на евроинтеграцијата

Не се избрани за да бидат судски скандал мајстори, Сиљановска очекува оставки од членовите на Судски совет

Катерина Ѓуровски

Сиљановска-Давкова гледа деблокирање на македонскиот евроинтеграциски процес

Катерина Ѓуровски