Трамп: Му давам на Путин 10 до 12 дена

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го скратува рокот од 50 дена што му го даде на рускиот претседател Владимир Путин на 10 до 12 дена за да се согласи на мировен договор со Украина.

Да, ќе поставам нов рок од околу 10 или 12 дена од денес“, им рече Трамп на новинарите додека разговараше заедно со британскиот премиер Кир Стармер во неговото голф-одморалиште во Тарнбери, Шкотска.

Нема причина да се чека“, додаде претседателот.

Сакам да бидам дарежлив, но едноставно не гледаме никаков напредок“ порача тој.

Трамп повторно му се закани на Путин со секундарни царини, велејќи: Тоа би биле санкции и можеби царини, секундарни царини“.

Тој додаде дека не сака да го направи тоа со Русија.

Според здравиот разум, би рекле дека некој би сакал да склучи договор“, рече Трамп, осврнувајќи се на рускиот претседател.

Претходно, Трамп рече дека ќе го скрати рокот од 50 дена што му го даде на Путин на помал број, бидејќи мислам дека веќе го знам одговорот“.

Мислевме дека го решивме повеќе пати, а потоа претседателот Путин излезе и почна да испукува ракети кон некој град како Киев и уби многу луѓе во дом за стари лица или нешто слично“, рече Трамп.

Би можело да ве интересира

По четири години: Американски маринец ослободен од руски затвор во тешка состојба, Трамп му вети чизбургер

Нов ултиматум: „Имаат две опции“

Пиварница во САД вети бесплатно пиво кога ќе умре Трамп – ѝ ја одзедоа дозволата за работа

А1он

Трамп: Запомнете ја оваа глетка – тоа ќе бидеме ние за три години

А1он

Трамп: Да не бев претседател, Израел денес немаше да постои!

А1он

Нетанјаху кај Трамп: Разговараат за „намалување на обемот на војната“

А1он