(ВИДЕО) Скопјанецот Зоран Настески го собори патникот во авион кој се закануваше со бомба

Од:

Скопјанецот Зоран Настески кој живее во Англија собори на земја патник на летот од Лондон до Глазгов кој се закануваше дека има бомба и извикуваше Смрт за Америка, смрт за Трамп“ и Алах акбар“.

Настески го држеше патникот се до слетување, каде што го приведе шкотската полиција.

Покрај бројните медиумски извештаи за овој инцидент, фактот дека херојот е нашинец привлече огромно внимание на социјалните мрежи.

Сите коментираат за човекот кој успеа со еден потег да го собори избезумениот патник на подот и да го совлада, откако неколку пати му рече да седне“.

По борењето и соборувањето, иако видливо преплашен и вознемирен, херојот од авионот, додека цврсто се држеше за човекот кој само секунда пред тоа извикуваше Алаху Акбар и се закануваше со бомба, сочно го пцуеше.

Инцидентот се случи во неделата, 27 јули, на утринскиот лет на ИзиЏет“ од Лутон до Глазгов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Херојот кој го победи „терористот“ во авион: Само реагирав инстинктивно, сакав да ги заштитам другите

А1он