Руски генерал осуден на шест години затвор за проневера на над 270.000 евра

Од:

Рускиот воен суд го осуди поранешниот заменик-началник на Главната дирекција за иновативен развој на Министерството за одбрана на Русија, генерал Владимир Шестеров, на шест години затвор за проневера на повеќе од 270.000 евра за време на градежните работи во паркот Патриот“.

На Шестеров му е одземен чинот генерал-мајор и му е изречена парична казна од 5.500 евра, објави Интерфакс“.

Пресудата не е конечна и се очекува жалба.

Судот наложи враќање на 200.000 евра на Министерството за одбрана и 66.000 евра на паркот Патриот“, во согласност со тужбата на оштетените.

Генералот беше прогласен за виновен за измама од особено голем обем и фалсификување на службените податоци.

Истрагата утврди дека Шестеров, поранешниот заменик-министер за одбрана Павел Попов и директорот на паркот, Вјачеслав Ахмедов внеле лажни податоци за градежните работи помеѓу 2022 и 2024 година.

Затоа, имотот на осомничените во вредност од повеќе од 1.105.000 евра беше конфискуван.

Кривичната постапка против Ахмедов е во тек, додека истрагата против Попов продолжува, пренесува Танјуг“.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Русија е подготвена да ги исполни договорите за Украина

Туск: Не подлегнувајте на руски дезинформации

Полска воведе ограничувања за воздушниот сообраќај

Летонците затворија дел од својот воздушниот простор поради Русите

Џ.Д. Венс: Да бидеме искрени, ја сакале Русија или не, тие имаат многу нафта

Сибиха: Руските дронови над Полска покажуваат дека Путин се извлекува неказнето