Притвор и куќен притвор за двајцата осомничени кои нападнаа новинари во Визбегово

Од:

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за определување мерки за обезбедување присуство против две лица осомничени за нападот врз новинарска екипа на телевизијата Алсат М, кој се случи за време на пожарот во скопската населба Визбегово.

Како што соопштуваат од Кривичен суд, на осомничениот А.Н. му е изречена мерка притвор во траење од осум дена, додека, на осомничената М.К. ѝ е определен куќен притвор, откако Судот го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство.

Двете лица се товарат за кривичното дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“ по член 382 став 3 во врска со ставовите 2 и 1 од Кривичниот законик.

– Мерките се определени со цел обезбедување на осомничените, со оглед на тоа што покрај наведеното кривично дело, обвинителството ги истражува и причините за настанување на пожарот на отпадот во сопственост на двајцата осомничени, стои во соопштението од Кривичен суд.

Би можело да ве интересира

Арамија оди во притвор за кражба во кујна во Скопје, украде и „голф 3“

А1он

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Таткото со шлаканици по четиригодишната ќерка – „Ќе те утепам, ќе ти ја искршам главата“

А1он

ОЈО бара притвор за директорот на Геријатрија и за неговиот соработник

За куќниот притвор на екс градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и Николчо Илиев ќе се одлучува утре

Обвинителство бара притвор за седум полициски службеници од Штип и Кочани осомничени за тешки дела против општата сигурност

А1он

Притвор за Ратко Капушевски и Асмир Јахоски