Фон дер Лајен: Не можеме да се потпреме на другите за да ја браниме Европа

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека Европската Унија не може да се потпре на другите за да ја заштити Европа.

„Не можеме да се потпреме на другите за да ја браниме Европа. Одбраната на Европа е наша одговорност“, изјави таа на седница на Европскиот парламент во Стразбур.

Фон дер Лајен ги критикуваше нападите со беспилотни летала на Русија врз украинските градови синоќа, истакнувајќи дека „војната е далеку од завршена“.

„Можеме многу јасно да видиме дека војната сè уште беснее и дека заканата од Русија не исчезнала“, рече таа, според Гардијан.

Таа најави зголемување на инвестициите во одбраната и војската, што, истакна таа, вклучува 800 милијарди евра инвестиции и 150 милијарди евра кредити за заеднички набавки.

„Добро е за безбедноста, но не само тоа, добро е и за создавање работни места тука дома“, рече претседателката на ЕК.

Таа предупреди дека, со оглед на тоа што Русија „брзо се вооружува, колку подолго чекаме, толку повеќе европски инвестиции ќе одат во странство, надвор од ЕУ“, објави Танјуг.

Би можело да ве интересира

Проширувањето на ЕУ останува клучен приоритет на ЕК и Фон дер Лајен, вели Подеста

Фон дер Лајен: Се надевам сите партии ќе ги поддржат уставните промени бидејќи се работи за вашата иднина

(ВИДЕО) Фон дер Лајен: Се стремиме да го отвориме првиот кластерот оваа година

Фон дер Лајен пречекана од Ковачевски пред Владата со највисоки државни почести

Фон дер Лајен: Мора да му се суди на Путин за злосторствата во Украина

Горан Наумовски

По избришаниот твит ЕК со нова објава дека Фон дер Лајен ќе се обрати пред парламентот на Северна Македонија

Горан Наумовски