Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ ја направи првата слика од планета надвор од нашиот Сончев систем, на 110 светлосни години оддалеченост, соопштија научниците.
Веб директно фотографирал млада гасна џиновска планета со големина на Сатурн, која орбитира околу ѕвезда помала од Сонцето, на околу 110 светлосни години од Земјата во соѕвездието Антлија, соопштија истражувачите.
Планетата орбитира околу својата ѕвезда, наречена TWA 7, на растојание од околу 52 пати поголемо од орбиталното растојание на Земјата од Сонцето. За споредба, Нептун орбитира околу 30 пати подалеку од Сонцето отколку Земјата, објави Ројтерс.