(ВИДЕО) Том Круз влезе во Гинисовата книга на рекорди – 16 пати скокна со запален падобран

Од:

Актерот Том Круз (62) влезе во Гинисовата книга на рекорди како личност со најмногу скокови со запален падобран.

Том Круз го држи Гинисовиот рекорд за смелиот скок што го изведе во најновото продолжение од франшизата „Невозможна мисија“.

Според Гинисовата книга на рекорди, Круз скокнал со запален падобран дури 16 пати.

– Ниту еден друг актер или каскадер не се приближил до толку многу смртоносни скокови – според Гинисовата книга на рекорди.

Секогаш кога неговиот падобран ќе изгореше целосно, Круз отвораше нов и на крајот безбедно слетуваше.

Круз ги изведуваше овие огнени скокови додека го снимаше „Невозможна мисија – Конечното соочување“, осмиот филм од популарната акциона франшиза во која глуми од 1996 година.

Би можело да ве интересира

Објавена е листата на 10-те најбогати актери во светот за 2025