Трамп им забрани во САД влез на граѓани од 12 земји

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера потпиша наредба со која се забранува влез на граѓани од 12 земји во САД.

На листата се наоѓаат седум африкански земји (Чад, Конго, Екваторска Гвинеја, Еритреја, Либија, Сомалија, Судан), четири азиски (Авганистан, Мјанмар, Иран и Јемен) и една северноамериканска (Хаити).

Покрај тоа, влезот на граѓани од седум други земји, имено Бурунди, Куба, Лаос, Сиера Леоне, Того, Туркменистан и Венецуела, ќе биде делумно ограничен.

„Претседателот Трамп го исполнува своето ветување да ги заштити Американците од опасни странски актери кои сакаат да влезат во нашата земја и да им наштетат“, напиша портпаролката на Белата куќа, Абигејл Џексон, на X.

Белата куќа објави дека забраните ги погодуваат земјите кои претставуваат „висок безбедносен ризик за Соединетите Американски Држави“.

Причините за забраните се движат од обвинувања за спонзорирање на тероризам и кршење на американските правила за виза, до недостаток на „надлежен орган“ за издавање документи и високи стапки на пречекорување на дозволениот престој.

Би можело да ве интересира

Трамп собра пет сојузници против Кина

Песков: Засега нема разговори за средба Путин – Трамп до крај на годинава

А1он

ФИФА на Трамп му ја додели наградата за мир

Предраг Петровиќ

Виткоф и Кушнер се сретнаа со Трамп по враќањето во САД

А1он

Трамп: САД повеќе не ја финансираат украинската војна, Бајден делеше пари како бонбони

А1он

И покрај предупредувањето на Трамп, авионите влегуваат во воздушниот простор на Венецуела

Предраг Петровиќ