Фелпс со ново злато

Од:

Доминација на американски пливачи на седмиот олимписки ден во Лондон.

Живата легенда Мајкл Фелпс стигна и до својот 21-ви олимписки медал, овој пат освојувајќи го златото на 100 метри пеперутка со време од 51.21, пред 20-годишниот Јужноафриканец Чад Ле Кло и Русинот Евгениј Коротишкин кои го поделија сребрениот медал пливајќи со исто време 51.44. На четвртото место остана сребрениот од Пекин, Србинот Милорад Чавиќ кој исплива со време 51.81.

17-годишната Миси Френклин ја дополнува доминацијата на Американците во пливањето откако го освои златниот медал на 200 метри грбно и тоа на најдобар можен начин со време од 2:04.06 соборувајќи го претходниот светски рекорд на Кристи Ковентри.

Френклин, до првото место стигна пред Русинката Анастасија Зуева која го освои среброто и сонародничката Елизабет Бајзел која ја освои бронзата.

Би можело да ве интересира

Сараево ќе ја одбележи 30-годишнината од ЗОИ 1984

Емир Латифовиќ

Ракометот останува олимписки спорт

Емир Латифовиќ

Започна одбројувањето за Зимската олимпијада во Сочи

Емир Латифовиќ