Трамп: Путин си игра со оган

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го предупреди рускиот претседател Владимир Путин дека „си игра со оган“ со интензивирање на нападите во Украина.

„Она што Владимир Путин не го сфаќа е дека да не бев јас, многу навистина лоши работи веќе ќе и се случија на Русија, а мислам навистина лоши. Тој си игра со оган“, рече Трамп во објавата на социјалната платформа TruthSocial.

Трамп претходно изјави дека размислува да воведе санкции кон Русија оваа недела, или да се повлече од разговорите за прекин на огнот во Украина, бидејќи е сè пофрустриран од нападите врз Украина и бавното темпо на мировните преговори, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на неименувани извори.

Би можело да ве интересира

Трамп со закана до Путин и Си: Би било многу лошо ако го вооружувате Иран

Блинкен предупредува: САД го губат глобалното влијание, а Кина ја презема довербата во светот

Трамп му се закани на Иран со жестока одмазда по смртта на уште тројца американски војници

А1он

(ВИДЕО) САД го напаѓаат Иран осма ноќ по ред по наредба на Доналд Трамп

Трамп: Иран нè моли за разговори!

А1он

Трамп: Можеби ни јас повеќе нема да бидам таму – jас сум цел број еден на Иран

А1он