Калас: Русија е решена да придонесе за страдањето и да ја уништи Украина

Од:

Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека е потребно да се изврши „најсилен меѓународен притисок“ врз Русија, по воздушниот напад врз Украина во кој загинаа најмалку 12 лица.

„Нападите од синоќа уште еднаш покажуваат дека Русија е решена да придонесе за страдањето и да ја уништи Украина“, напиша Калас на социјалната мрежа X.

Таа додаде дека е ужасно да се видат деца меѓу жртвите.

„Ни е потребен најсилен меѓународен притисок врз Русија за да ја запреме оваа војна“, рече високиот претставник на ЕУ.

Најмалку 12 лица беа убиени во руските воздушни напади врз неколку украински региони, неколку часа пред планираната размена на затвореници меѓу Русија и Украина.

Би можело да ве интересира

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија