На Ајнштајн му било понудено да биде претседател на Израел – еве зошто рекол „не“

Од:

Можеби сте го замислиле исклучиво во лабораторија меѓу формули и теории, но Алберт Ајнштајн зачекори во светот на високата политика и со една нога – како потенцијален претседател на Израел.

Во 1952 година, по смртта на првиот претседател на Израел, Хаим Вајцман, израелскиот амбасадор во САД, Аба Ебан, му упатил на Ајнштајн официјална понуда во име на тогашниот премиер Давид Бен-Гурион: да ја преземе највисоката функција во израелската држава.

Ајнштајн тогаш имал 73 години и живеел во Принстон, САД. Неговиот одговор беше исклучително скромен и внимателен. Во писмото со кое ја отфрла понудата, тој напишал:

„Длабоко сум трогнат од понудата, но со тага и срам морам да ја одбијам, бидејќи немам ниту природни способности ниту искуство за толку одговорна позиција. Покрај тоа, стар сум и далеку од Израел.“

Ајнштајн бил познат по својата поддршка на ционизмот и борбата за еврејска култура и образование, но останал верен на своите принципи – се држел настрана од политиката, која ја сметал за премногу сложена и компромисна за некој што ја цени вистината, знаењето и мирот.

Неговиот одговор останува едно од најелегантните отфрлања на високи политички функции во модерната историја.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шведска им ја одзеде ќерката, бараат помош да ја вратат во Македонија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Возот на смртта се расипа во Тексас, средношколци висеа речиси 30 метри над земјата

(ВИДЕО) Слетување во океан: Надградениот „Ѕвезден брод“ на „Спејс Екс“ го заврши првиот тест лет

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Хаос по концертот на Рики Мартин во Црна Гора, настапот бил провокативен за традиционалната публика

Која е актерката поради која Емануел Макрон наводно беше удрен од Брижит Макрон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Доналд Трамп објави тајни НЛО документи: Во фокусот и фотографија од мисијата „Аполо 12“

Предраг Петровиќ