ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА: Уште чекаме помош од државата сведочи мајка на момче повредено во „Пулс“

Од:

Самохрана мајка раскажува дека морала да го напушти работното место за да може да се грижи за синот, еден од повредените во страотниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“. Во видеото објавено од Support Kocani жената вели дека има и уште едно малолетно дете и болна мајка.

Објаснува дека му помага на синот околу основни работи, како што е облекувањето, а секако и со се она што е потребно како мачкање и се друго во грижата со повредите.

Вели дека се што има ќе даде за него, но дека државата треба да ѝ помогне.

„Сè уште чекаме. Државата не ни помогна со ништо. Не знаеме што сè ќе треба во понатамошниот процес на заздравување – дали ќе има операции, дали ќе треба специјални ракавици или опрема… Јас сè што имам ќе дадам, ама потребна ни е и помош од државата,“ вели таа.

Од болницата во Грција, каде се лекувало момчето, му било укажано дека целосното заздравување може да потрае и до една година, а можеби и подолго.

Би можело да ве интересира

Ниту еден сведок на Обвинителството денеска не се појави на рочиштето за пожарот во „Пулс“

Support Kocani обезбеди креми во вредност од над еден милион денари за повредените од пожарот во „Пулс“

Судска медицина: Анализите за трагедијата во Кочани ќе бидат јавно презентирани

Родителите на загинатите во „Пулс“ бараа одговори од Судска медицина

Во Кочани 40. „Марш за ангелите“, родителите бараат одговори за токсиколошките анализи

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“