Уапсен е малолетник од Битолско, уценуваше 34 годишник со експлицитни фотографии

Од:

МВР информира дека денеска полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола во координација со Основното јавно обвинителство- Битола лишија од слобода 16-годишник од с. Бистрица, битолско.

Тој во повеќе наврати уценуваше 34-годишен маж од Битола, заканувајќи му се дека доколку не му даде пари ќе објави експлицитни фотографии што ги доби од оштетениот откако во комуникацијата преку социјална мрежа се претставуваше со лажен женски идентитет.

Малолетникот е приведен во полициска станица Битола, а парите се пронајдени кај него.

По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Се степаа сестри во Брвеница, браќа во Карпош, а брат нападна сестра во Гази Баба

А1он

Уапсени се десет возачи за безобѕирно возење

А1он

Уапсен 28-годишник во Врапчиште, кај него пронајдени марихуана и кокаин

А1он

Уапсен е австриски државјанин на „Табановце“, во неговото возило е пронајдено оружје

А1он

12 возачи уапсени за безобѕирно возење

А1он