Мурињо: Секој ден одам во ноќни клубови во Истанбул

Од:

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо одговори на критиките на турските медиуми.

Легендарниот стратег се најде на удар на критики поради лошите резултати на неговиот тим. Медиумите тврдат дека Португалецот постојано го менува составот на тимот, а тој има подготвен одговор.

– Имам 25 монети, ги фрлам во воздух. Оние кои остануваат на маса играат, а оние кои ќе паднат на подот одат на клупа. Тоа го правам едноставно вака – изјави Мурињо.

Сепак, факт е дека тренерот 31 пат испрати поинаков стартен состав на натпреварите.

Тој беше прашан за кондицијата на тимот.

– Се забавувам во текот на неделата. Секојдневно одам во ноќни клубови во Истанбул, а кога е време да го изберам тимот, фрлам парички со ликовите на играчите – заврши Мурињо.

Фенербахче моментно ја зазема втората позиција со 24 победи и шест порази, а Галатасарај е прв со уште три триумфи.

Би можело да ве интересира

Галатасарај го обвини Мурињо за расизам, најавија и кривична постапка

А1он

Словенецот Славко Винчиќ ќе ги смирува страстите на турското фудбалско дерби Галатасарај – Фенербахче

А1он

Фенер му го раскинаа договорот на Озил, тој веднаш потпиша за Башакшехир