Трамп по предлогот на Путин за директни преговори со Украина: Доаѓа голема недела

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп со објава на својата социјална мрежа Truth Social откако рускиот лидер Владимир Путин предложи отворање директни преговори меѓу Украина и Русија.

Трамп рече дека тоа е „секако голем ден за Русија и Украина“.

„Замислете стотици илјади животи кои ќе бидат спасени ако конечно заврши оваа бескрајна „крвава гозба“. Тоа ќе биде сосема нов, и многу подобар свет“, е пораката на американскиот претседател.

Дополнително, тој додаде дека „доаѓа голема недела“, и дека ќе „работи на двете страни“ за да се стави крај на војната.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, во доцното ноќно обраќање на руската телевизија предложи отворање на директни преговори меѓу Русија и Украина.

Тој дури предложи тоа да биде веќе на 15 мај во Истанбул, а неговите пораки дојдоа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски, заедно со неколку други европски лидери, предложија 30-дневно примирје.

Би можело да ве интересира

Трамп: Гласањето во САД е корумпирано

А1он

Трамп: Зеленски одби моќна американска муниција бидејќи нема авиони

А1он

Трамп му предложил на Зеленски средба со Путин – во Москва

Трамп повторно објави мапа: Овојпат Ормускиот теснец го нарече „Трампов теснец“

Белата куќа му забрани на Си-Ен-Ен да патува со Трамп во „Ер форс 1“

ВИДЕО: Читачка на усни откри што наводно зборувале Венс, неговата сопруга и Иванка Трамп за време на пречекот на Си

Предраг Петровиќ