(ВИДЕО) Пукање на улица во Дагестан – загинаа тројца полицајци

Од:

Тројца полицајци загинаа во напад на единица на сообраќајната полиција во Махачкала, а еден од напаѓачите е елиминиран, објави Министерството за внатрешни работи на Руската Република Дагестан на својот канал Телеграм.

„Денеска околу 14 часот и 20 минути во Махачкала неидентификувани лица ја нападнале единицата на сообраќајната полиција на Министерството за внатрешни работи на Република Дагестан. Според прелиминарните информации, во нападот загинале тројца полицајци“, се наведува во соопштението, пренесува РИА Новости.

Малку подоцна прес-службата на МВР соопшти дека „еден од напаѓачите е веќе елиминиран“, а дека потрагата по останатите е во тек.

Според гувернерот на Дагестан, Сергеј Меликов, според непотврдени информации, службениците на МВР се обиделе да го запрат автомобилот, но возачот не го послушал и отворил оган кон нив.