Земјотрес со интензитет од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во четврток, 1 мај 2025 година, во 12.23 часот, во Грција.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил во близина на Света Гора.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.