Најстарата личност на светот почина на 117 години

Од:

Бразилката Ина Канабаро Лукас, која беше прогласена за најстара личност на светот, почина на 117 години.

Таа почина во Конгрегацијата на сестрите Терезијан во Порто Алегре, каде што ги помина последните години од својот живот, објави БФМ.

Ина стана најстарата личност на светот по смртта на Јапонката Томико Итока во јануари, која исто така почина на 116-годишна возраст.