Чудна одлука на тренерот на Лејкерси – цело второ полувреме играше со истата петорка

Од:

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс се поразени од Минесота Тимбервулфс како гости со резултат 116:113 во четвртиот натпревар од првото коло на Западната конференција на НБА плеј-офот. Минесота поведе со 3:1 во серијата и дојде на само една победа до полуфиналето на конференцијата.

Лејкерси предводени од Леброн Џејмс и Лука Дончиќ имаа се во свои раце, поведувајќи со 10 поени разлика на почетокот на последната четвртина, но најдобриот кошаркар на Минесота, Ентони Едвардс со 43 поени иницираше голем пресврт.

Сепак, најсилен впечаток од оваа игра е одлуката на тренерот на Лејкерси – Џеј Џеј Редик целото второ полувреме да го одигра со истата петорка на паркетот.

Лука Дончиќ, Остин Ривс, Леброн Џејмс, Руи Хачимура и Доријан Фини-Смит не ја напуштија играта, иако тренерот на Лејкерси имаше на располагање максимални 14 играчи.

Дека се изморија јасно се гледаше од трендот на резултатите во вториот дел од играта. Лејкерси ја решија третата четвртина во своја корист со 36:23, но Минесота возврати во последните 12 минути, победи со 32:19 и направи пресврт.

Тренерот на Лејкерси ја објасни својата одлука:

„Не планирав истата петорка да го одиграм целото второ полувреме. На почетокот на четвртата четвртина ги прашав како им оди и напоменав дека имаме уште два тајм-аути за да им одмориме. Им реков: Кој ќе се измори, нека ми каже да го заменам“, рече Редик.

Леброн инсистираше на тоа дека „заморот не е причина за поразот“. На ист став беше и Дончиќ.

Би можело да ве интересира

Лејкерси се пласираа во првото конференциско финале од ерата на Коби

А1он