Уапсен е мотоциклист кој прегази малолетничка во Топанско Поле

Од:

МВР информира дека денеска полициски службеници го лишија од слобода Ј.О.(34) од Скопје затоа што околу 11.30 часот на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје, управувајќи мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски таблици, удрил во 10-годишно девојче.

Со возило на Итна медицинска помош малолетничката е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде и се констатирани тешки телесни повреди.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, против Ј.О. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во Берово – почина 83 годишник

А1он

Скопјанка (46) пронајдена почината во стан во Кисела Вода

А1он

Малолетници соблекоа и снимаа 6-годишно дете во училиште во Кочани

А1он

Уапсени се 10 пијани возачи – меѓу нив и две жени

А1он

Пијан Мексиканец со тврд предмет нападна полицајци во парк во Ѓорче Петров

А1он

На тротоар прегазена 74 годишна радовишанка

А1он