(ВИДЕО) Земјотрес од 6,2 степени според Рихтер го погоди Истанбул

Од:

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска регионот на Истанбул, јавија турските медиуми, повикувајќи се на извештај на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Земјотресот се случил во 12:49 часот по локално време, откако на истата локација во 12:13 часот бил регистриран земјотрес од 3,9 степени.

Како што се наведува, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 12 километри, во Мраморното Море, западно од Босфорот.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на социјалните мрежи објави дека сите надлежни служби веднаш започнале теренска истрага за проценка на евентуалната штета.

– Им посакувам брзо закрепнување на сите наши граѓани погодени од земјотресот, напиша Јерликаја.

Засега нема официјални информации за евентуални жртви или материјална штета.

Би можело да ве интересира

Денеска уште еден силен земјотрес регистриран во Истанбул

Горан Наумовски

Земјотрес во Турција

Максути: Тимови за заштита и составени од 40 лица се упатија во реонот погоден од земјотресот во Турција

ОН: Земјотресот во Турција е најсилниот од 1939 година

Евакуирани се македонските државјани кои беа во загрозените подрачја во Турција

Горан Наумовски

Евакуација на Македонците, помош во луѓе, пари и опрема – Владата со одлуки по земјотресот во Турција

Ана Ололовска