Франсоа Бајру стана најстариот премиер на Франција

Од:

Франсоа Бајру стана најстариот премиер на Франција со 73 години, 10 месеци и 27 дена, заменувајќи го својот претходник Мишел Барние, кој имаше 73 години, 10 месеци и 26 дена кога поднесе оставка од функцијата на 5 декември минатата година, објави весникот „Фигаро“.

Франција се соочува со политичка нестабилност од летото 2024 година, при што на парламентот му недостасува мнозинство, поради што претседателот Емануел Макрон одлучи да постави две искусни личности на чело на владата.

Пред нив, ниту еден премиер во француската историја немал над 70 години.

Би можело да ве интересира

Бајру: Царините на Трамп ја нарушија довербата ширум светот