ВИДЕО: Александар Волкановски стана најстариот УФЦ шампион

Од:

Австралискиот борец со македонско потекло Александар Волкановски го победи Диего Лопес од Бразил за шампионскиот појас во перолесна категорија.

Публиката во Мајами, САД, имаше можност да присуствува на возбудлива борба, полна со акција и неизвесност.

Двајцата натпреварувачи покажаа изворендени вештини и борбеност, а мечот беше непредвидлив до самиот крај.

Судиите донесоа одлука победник да биде Волкановски со резултати 48:47, 49:46 и 49:46.

Овој резултат не го означи само неговиот триумф, туки и историски момент, бидејќи стана првиот борец постар од 35 години кој освоил појас во перолесна категорија.