Орбан: ЕУ со опасен однос кон лидерите на Западен Балкан

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан остро го критикуваше односот на Европската Унија кон земјите од Западен Балкан, нарекувајќи го „неодговорен и опасен“, јави Анадолија.

Орбан ја даде оваа изјава по средбата со претседавачката со Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, што се одржа на маргините на 4. Дипломатски форум во Анталија.

– Постапките на Брисел кон Западен Балкан, вклучително и поткопувањето на демократски избрани лидери, се неодговорни и опасни. Таквите тактики само ја засилуваат нестабилноста во регионот, изјави Орбан.

Тој додаде дека Унгарија останува посветена на промовирање на мир, меѓусебно почитување и разбирање меѓу соседните земји, како и на јакнење на односите со сите партнери низ регионот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Изолацијата на Мицкоси во Давос покажа колку му слугува на Орбан

(ВИДЕО) Се пожестока е војната меѓу Орбан и Зеленски: Нема да не заплашиш

Орбан: Eвропската одбранбена политика е во рацете на „германска тројка“

Орбан: Прво шлемови, залихи и оружје, а сега војници – нè влечат во војна

А1он

Орбан: Либералниот светски поредок се распаѓа, дојде ерата на нациите

Орбан: Пред нас е глобална трансформација – Унгарија и Брисел немаат ист пат

А1он