Трамп: Лекарскиот преглед помина добро, лекарскиот извештај го очекувам утре

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека лекарскиот преглед му поминал добро и дека утре очекува лекарски извештај.

Трамп на новинарите им кажа дека за време на когнитивниот дел од тестот во воената болница Волтер Рид точно одговорил на сите прашања, пренесува ABC News.

Американскиот претседател не сподели многу детали за прегледот, прв од почетокот на неговиот втор мандат.

Тој изјави дека прегледот покажал дека има „добро срце и добра душа, многу добра душа“.

Претседателот на САД по завршувањето на прегледот се качи на авионот и се упати кон Флорида, откако помина околу пет часа во болница.

Трамп, кој на 78-годишна возраст стана најстариот американски претседател, изјави дека никогаш не бил во подобра форма.

Портпаролката на Белата куќа Керолин Левит вчера изјави дека докторот на Трамп ќе објави „извештај за преглед на транспарентност“ и дека „сите можни резултати“ ќе бидат објавени „што е можно поскоро“.

Здравствените проблеми на Трамп беа главно високиот холестерол, розацеа и прекумерната тежина.

Извештајот од 2018 година покажа дека Трамп користел лек за намалување на холестеролот, а бидејќи нивото на холестерол му било малку покачено, лекарот ја зголемил дозата.

Тој користел и „финастерид“ за опаѓање на косата, а овој лек се користи и за лекување на проблеми со простатата.

Би можело да ве интересира

Трамп со закана до Путин и Си: Би било многу лошо ако го вооружувате Иран

Блинкен предупредува: САД го губат глобалното влијание, а Кина ја презема довербата во светот

Трамп му се закани на Иран со жестока одмазда по смртта на уште тројца американски војници

А1он

(ВИДЕО) САД го напаѓаат Иран осма ноќ по ред по наредба на Доналд Трамп

Трамп: Иран нè моли за разговори!

А1он

Трамп: Можеби ни јас повеќе нема да бидам таму – jас сум цел број еден на Иран

А1он