Меѓу земјите кои се најпогодени од новите американски царини се Кина (104%), Виетнам (46%) и Камбоџа (49%).
Неколку американски светски брендови, како Најк и Епл, кои ги произведуваат своите производи надвор од САД, забележаа остар пад на вредноста на акциите во последните денови и се очекува дополнително да бидат погодени од новите царини на Трамп, кои тој ги нарекува реципрочни.
Ајде да погледнеме неколку конкретни примери:
Кина
Apple ги произведува повеќето од своите хардверски производи во Кина, а некои во Индија.
H&M го произведува најголемиот дел од својата облека во Кина и Бангладеш.
Виетнам
Gap, американски малопродажен синџир кој управува и со брендовите Old Navy, Banana Republic и Athleta, добива околу 21 отсто од својата облека од Виетнам, според анализата на професорот Шенг Лу од Универзитетот во Делавер.
Околу 50% од Најк и 39% од патиките на Адидас се произведуваат во Виетнам.
Самсунг исто така има значително производство во Виетнам.